Достапни линкови

Сириските владини преговарачи ќе дојдат во Женева


Сириската владина делегација на преговори во Женева на 14 јули 2017

Сириските владини преговарачи се очекува денеска да пристигнат во Женева за разговори за окончување на граѓанската војна во земјата под посредство на ОН.

Дамаск првично одби да потврди дека ќе присуствува на преговорите кои почнаа вчера, зашто опозицијата останува на барањето за повлекување на претседателот Башар ал-Асад, но ОН соопштија дека преговарачите ќе дојдат откако биле уверени дека нема да се разговара за судбината на Асад.

Преговарачите не постигнаа многу на изминатите седум рунди преговори, но има надеж дека сега е можен напредок.

XS
SM
MD
LG