Достапни линкови

Атлантскиот совет и новата стратегија на САД за Балканот


Аталнтски совет, Вашингтон

Атлантскиот совет во неговиот извештај за новата американска стратегија за Балканот под наслов „Балканот напред: Нова стратегија на САД за регионот“ меѓу другото предлага и постојано американско воено присуство во Југоисточна Европа и обнова на репутацијата на САД како вистински посредник. За денеска во Вашингтон е закажана конференција на Атлантскиот совет за Западен Балкан, на која ќе учествуваат шефовите на дипломатијата, меѓу кои и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров. „Иако регионот се уште сака да му се придружи на Западот и неговите институции, конечниот исход не би требало да се зема здраво за готово. САД посебно можат и треба да имаат клучна улога во тоа, како би дале глас за јасна, заедничка визија за регионот и би се координирале со ЕУ за повторно воспоставување на јасен пат кон заедничката трансатлантска цел на политичко ниво“, се посочува во новата американска стратегија за Балканот.

XS
SM
MD
LG