Достапни линкови

Судот одреди притвор за еден осомничен за насилствата во Собранието


Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд против апсењето нивни пратеници за насилствата од 27 април

Притвор во траење од 30 дена му е одреден на лицето И.Д, потврдија од Кривичниот суд за Радио Слободна Европа. Тој е еден од денеска приведените за настаните во Собранието на 27 април.

Основното јавно обвинителство денеска осомничи 36 луѓе за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Меѓу нив има актуелни пратеници, партиски функционери и бивши државни функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред Судот, пак, се уште има приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираат.

XS
SM
MD
LG