Достапни линкови

Грција вети засилена контролата на аеродромите по спорот со Германија


Илустрација-аеродромот во Атина

Атина ѝ вети на Европската унија дека ќе ја засили контролата на патниците кои доаѓаат во другите членки на ЕУ преку грчките аеродроми, по спорот со Германија која воведе дополнителни безбедносни проверки на лицата кои пристигнуваат во земјата со авион од Грција.

Грција протестираше против германските мерки, велејќи дека како членка на Шенген зоната, движењето на луѓе меѓу двете земји мора да биде непречено. Околу 33 илјади патници кои пристигнале од грчките аеродроми биле подложени на дополнителни проверки во изминатата недела, а 20-ина од нив биле притворените поради невалидни документи. Германија ја воведе мерката за да се справи со илегалната миграција преку Грција.

Претставник на Европската комисија денеска информира дека Грција дала гаранции дека ќе ги заостри контролите при полетување на авионите од аеродромите во земјата.

XS
SM
MD
LG