Достапни линкови

Протести во Приштина за осудените во случајот "Диво насеље"


Илустрација-објавувањето на пресудата за „Диво Насеље“ во судот во Скопје

Неколку стотини граѓани денеска излегоа на протест во центарот на Приштина во знак на поддршка на косоварите што се осудени во Скопје како дел од кумановската група инволвирана во случајот Диво Насеље. Како што јавува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, протестот бил организиран од семејствата на осудените, а го поддржале ветераните на ОВК. Насобраните побараа Македонија итно да ги ослободи косовските Албанци, да има повторно судење, а владите во Приштина и Тирана да помогнат.

Мухамет Биљаљи, еден од организаторите рече дека припадници на кумановската група биле борци за слобода без разлика како ги нарекувала дневната политика.

Кривичниот суд во Скопје во почетоков на месецов изрече доживотна казна затвор за осуммина обвинети во случајот, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. Четворица од обвинетите, пак, беа ослободени од одговорност.

XS
SM
MD
LG