Достапни линкови

Новиот руски сателит не успеа да влезе во планираната орбита


Лансирање на ракетата Сојуз 2.1б, која го носеше сателитот Метеор М и 18 помали сателити, од космодромот Восточни

Руската вселенска агенција соопшти дека сателитот што беше лансиран од новиот космодром Восточни не успеа да влезе во планираната орбита, што е уште удар за вселенската програма на Москва.

Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека се обидува да ја утврди причината за проблемот.

Космодромот Восточни се наоѓа во регионот Амур во близина на границата со Кина. Неговата изградба имаше цел да ја намали руската зависност од советскиот космодром Бајконур во Казахстан, но проектот беше проследен со наводи за корупција и проневера.

Првото лансирање од Восточни се случи во април минатата година, по еднодневното одложување предизвикано од технички проблеми што го налути претседателот Владимир Путин, кој беше присутен на лансирањето. Лансирањето од април 2016 година беше успешно, но еден од сателитите исфрлени во орбитата наскоро престана да работи.

XS
SM
MD
LG