Достапни линкови

Хан - Во ЕУ има сè поголема волја за прием на Западниот Балкан


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Во ЕУ постои сè повеќе волја да се разгледа членството на земјите од Западниот Балкан, со што би се гарантирал мирот во регионот, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Во интервју за австрискиот весник Винер цајтунг, Хан нагласи дека „земјите членки сфатија дека мирот може да се осигура на Балканот, а перспективата за членство во ЕУ е клучна за тоа“.

Хан оцени дека Западен Балкан и 20-те милиони луѓе кои живеат во тој регион се многу привлечен пазар за ЕУ и потенцираше дека „нова држава-членка не е товар, туку богатство“.

Воедно, Хан истакна дека не се согласува со идејата „Европа во повеќе брзини“, бидејќи тоа би довело државите-членки да се оддалечат едни од други. Наместо тоа би требало да се вложат напори за послабите држави да зајакнат, а со тоа и цела ЕУ.

XS
SM
MD
LG