Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не верува оти е можна промена во рамката на дијалогот меѓу Белград и Приштина, ниту пак дека е можно во него да биде вклучена трета страна. Тој, во врска со шпекулациите дека поранешната американска државна секретарка Кондолиза Рајз може да стане специјален претставник за Балканот, одговори: „А зошто ние би го прифатиле тоа? Дачиќ рече дека на Србија и е потребна поддршка од актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и државниот секретар Рекс Тилерсон. „Старата администрација не сакаше да ги реши проблемите, туку да го легализира она што го направи на Балканот“, реќе шефот на српската дипломатија.