Достапни линкови

Општина Карпош побара контрола на топилницата во Момин Поток


Архива: Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

Општина Карпош денеска соопшти дека е направен увид и контрола на Топилницата во Момин Поток, на која и е наложено во најскоро време да изврши специјализирани мерења од страна на акредитирана лабораторија, во присуство на претставник од Државниот инспекторат за животна средина кои ќе ја испитаат емисијата на гасови што ја врши Топилницата.

Во соопштението општината наведува дека во зависност од резултатите од мерењата ќе следат конкретни мерки кои ќе бидат преземени од страна на сите надлежни институции.

Инспектори од Општина Карпош, заедно со инспектори од Градот Скопје и Државниот инспекторат за животна средина денеска имаа средба во индустриската зона Момин Поток, на која станало збор и за комуналниот и градежен отпад кој, како што стои во соопштението, е воочлив во овој дел на Карпош.

XS
SM
MD
LG