Достапни линкови

ОН: Сирија не го потврдила присуството на мировните разговори


Архивска фотографија од конфликтот во Сирија.

Осмиот круг од разговорите спонзорирани од Обединетите Нации (ОН) со цел наоѓање политичко решение за шестгодишната граѓанска војна во Сирија, треба да започнат на 28 ноември во швајцарскиот град Женева.

Повеќе од 330 илјади луѓе се убиени во Сирија и милиони се протерани од своите домови, откако конфликтот почна во март 2011 година се острите мерки против антивладините протести.

Русија ја поддржува владата на претседателот Башар ал-Асад и спроведува воздушни напади за владините сили. Иран исто така го поддржува Асад, додека САД и Турција го поддржуваат различните антивладини бунтовнички групи.

XS
SM
MD
LG