Достапни линкови

Двајца убиени во оружен напад во менувачница во Кисела Вода


Македонска полиција, МВР.

Оружен напад во менувачница во скопската населба Кисела Вода на бул. „Борис Трајковски“ се случи попладнево, при што сопственикот на менувачницата пукал во напаѓачите кои починале на местото на настанот, соопштува МВР.

Од полицијата наведуваат дека двете засега непознати лица, на чија идентификација се работи, влегле во менувачницата каде се наоѓал 58-годишниот сопственик (Г.А.) од Скопје и во обид да извршат разбојништво со огнено оружје, прво настанала физичка пресметка со (Г.А.) кој потоа посегнал по пиштол и пукал во напаѓачите кои починале на лице место.

Од МВР велат дека во соработка со јавен обвинител работат на расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG