Достапни линкови

Такси возило влетало во придружните возила на албанскиот премиер Рама


Архива: Албанскиот премиер Еди Рама.

Два автомобила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама учествуваа во сообраќајна несреќа на патот кон Корча, при што се повредени три лица кои се хоспитализирани.

Несреќата се случила кога такси возило влетало во придружбата на Рама, а според албанските медиуми најверојатна причина за несреќата е густата магла.

Рама од Тирана патуваше за Корча, каде денеска попладне треба да се одржи заедничка седница на албанската и косовската Влада, а за утре е предвидено заедничката седница да продолќи во Валона.

XS
SM
MD
LG