Достапни линкови

Заев: Одлуката на БПЦ е исклучително позитивна


Архива: Премиерот на Бугарија Борисов во посета на Македонија, на покана на премирот Заев.

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја оцени како исклучително позитивна.

„Како православен верник сум радосен, но уште еднаш ќе повторам Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во односите меѓу црквата, но оваа порака е исклучително позитивна и можам само да ја поздравам затоа што дефинитивно правиме напредок и во делот на признавањето на нашата македонска православна црква, изјави Заев, запрашан за коментар за одговорот на БПЦ писмото на МПЦ-ОА.

Заев изрази надеж дека и другите православни цркви ќе го следат примерот.

XS
SM
MD
LG