Достапни линкови

МПЦ-ОА ја поздрави одлуката на БПЦ да се залага за МПЦ пред другите православни цркви


Архиепископот на МПЦ г.г Стефан

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), изрази благодарност до бугарскиот патријарх Неофит и до членовите на Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква кои денеска одлучија да се залагаат за Македонија пред другите православни цркви.

„Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автокефалност на Македонската православна црква во семејството на Помесните православни цркви. Очекуваме и во иднина, Бугарската православна црква на МПЦ-ОА да ѝ биде постојан сотрудник во остварувањето на потребната богоугодна цел“, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

Од МПЦ-ОА посочуваат дека двете цркви имаат одговорност пред своите едноверни, благочестиви и православни народи кои споделуваат мноштво заеднички христијански вредности низ вековниот опстој.

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и да се залага пред помесните православни цркви за воспоставување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

XS
SM
MD
LG