Достапни линкови

Двојно убиство во Скопје, Буџет и мекици, БПЦ ќе ѝ помага на МПЦ, ИД менува тактика, Се вери принцот Хари...

Настаните на денот низ фотографии - 27 ноември 2017
Покажи повеќе

МАКЕДОНИЈА - Во оружен напад во менувачница во скопската населба Кисела Вода, на булеварот Борис Трајковски, сопственикот на менувачницата пукал во напаѓачите кои починале на местото на настанот, соопштува МВР. Од полицијата наведоа дека двете засега непознати лица, на чија идентификација се работи, влегле во менувачницата каде се наоѓал 58-годишниот сопственик (Г.А.) од Скопје и во обид да извршат разбојништво со огнено оружје, прво настанала физичка пресметка со (Г.А.) кој потоа посегнал по пиштол и пукал во напаѓачите кои починале на лице место.
1

МАКЕДОНИЈА - За власта Предлог - буџетот е најреформски, за опозицијата најголем во историјата на Македонија. Власта тврди дека парите од новиот предлог буџет кој тежи 3,4 милијарди евра се насочуваат кон граѓаните и стопанството. Приоритет на новиот буџет, пак, според ВМРО-ДПМНЕ е богатењето и лускузирањето на владините функционери, а не доброто на граѓаните. За буџетот пратениците ќе дискутираат во следните десет дена. Пред почетокот на расправата, министерот за Финансии Драган Тевдовски, ги почестил пратениците и новинарите со мекици за неговата новородена ќерка.
2

УНГАРИЈА - Премиерот Зоран Заев учествуваше на шестиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Кина со земјите од Централна и Источна Европа. Овој формат е сеопфатен механизам за соработка на високо политичко ниво во областа на економијата, посебно инфраструктурата, како и земјоделството, културата и медиумите. Ваквиот формат на соработка е интегрален дел од иницијативата Појас и пат, што ја покрена кинескиот претседател Си Џинпинг.
3

ШВЕДСКА - Претседателот на Собранието Талат Џафери и присуствуваше на аудиенција кај кралот на Шведска, Карл XVI Густаф, за време на неговата официјална посета на Кралството Шведска. На средбата, освен за актуелните состојби на политички и општествен план од билатерален и мултилатерален карактер, Кралот на Шведска, се осврнал на неговата посета на Македонија пред 20 години, кога бил во посета на шведските војници во составот на Нордискиот баталјон на UNPREDEP.
4

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG