Достапни линкови

Жбогар - ЕУ сака да види посветеност на Владата за реформите


Евроамбасадорот Самуел Жбогар

Европската унија сака да види посветеност не само од страна на Владата за продолжување на реформите, туку и од Собранието и од политичките партии, изјави денеска во Куманово евроамбасадорот Самуел Жбогар на средбата со градоначалникот на општината Максим Димитриевски.

„Ако институциите продолжат со испорачување на резултати, се разбира дека тоа ќе има позитивен ефект врз самите односи помеѓу ЕУ и земјата следната година“, изјави Жбогар.

Тој додаде дека за да се реализираат реформите потребно е да се има соработка помеѓу сите политички чинители и дека тоа е од огромна важност.

XS
SM
MD
LG