Достапни линкови

Кремљ – Кадиров останува на чело на Чеченија


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Кремљ соопшти дека лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров останува на власт во оваа јужна руска република, откако викендов тој рече дека можеби ќе ја напушти власти. Во синоќешното интервју на државната телевизија Росија 1, Кадиров рече дека е време да ја напушти функцијата и дека Кремљ треба да избере неговата замена. Рече дека ако биде прашан, може да предложи неколкумина способни кандидати.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска изјави дека 41-годишниот Кадиров му е лојален на претседателот Владимир Путин и оти ќе „работи на која било позиција што претседателот ќе ја побара од него“.

Во интервјуто, Кадиров вели дека Путин му е „идол“ и оти е подготвен да направи сè за него.

Путин го постави Кадиров на чело на Чеченија во 2007 година. Во 2016 година доби нов петгодишен мандат. Тој се соочува со сериозни критики за прекршување на човековите права.

XS
SM
MD
LG