Достапни линкови

Џафери во официјална посета на Шведска


Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Шведска. Во рамки на посетата, предвидено е да има средби со неговиот шведски колега, претседателот на Риксдагот, Урбан Алин, со министерката за надворешни работи Маргот Валстром, со министерот за миграција и заменик-министер за правда Хелен Притзон, а ќе има и аудиенција кај Кралот на Шведска, Карл XVI Густаф. Дипломатските односи меѓу Македонија и Шведска се воспоставени во 1993 година. Од 2002 година Кралството Шведска во билатералната комуникација го користи уставното име додека на меѓународни собири ја користи референцата.

XS
SM
MD
LG