Достапни линкови

Протести против владините реформи во Романија


протести во Букурешт, 26.11.2017.

Неколку десетици илјади лица учествуваа синоќа на протести во Букурешт и десетина други романски градови поради владините планови за реформи на даночниот и правосудниот систем. Околу 30.000 лица се собраа на „Плоштадот на победата“ во Букурешт, од каде се упатија кон зградата на романскиот Парламент. Уште околу 20.000 луѓе учествуваа и на протестите во над 70 градови ширум Романија, како и на собирите организирани од романската дијаспора во Амстердам, Бирмингем, Минхен и Цирих. Организаторите на протестите, неколку навладини организации и опозициски партии, тврдат дела измените во даночното законодавство ќе резултираат со намалување на платите, додека реформите во правосудството ќе ја ослабнат борбата против корупцијата.

XS
SM
MD
LG