Достапни линкови

Тачи и Харадинај со осуда за бомбашките напади во Зубин Поток


Претседателот и премиерот на Косово Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, архивска фотографија

Претседателот и премиерот на Косово Хашим Тачи и Рамуш Харадинај најостро ги осудија бомбашките напади врз куќите на двајца припадници на безбедносните сили на Косово што вчера се случи во Зубин Поток. Ваквите напади, како што наведуваат, имаат за цел да ги спречат напорите за изградба на демократско и сеопфатно општество и да ги држат под тензија граѓаните на Косово. Непознати лица фрлиле рачни бомби врз куќите на двајца Срби припадници на Кососвските безбедносни сили. Во нападите немало повредени, но била причинета голема материјална штета.

XS
SM
MD
LG