Достапни линкови

Анѓушев: Предлог буџетот за 2018-та е досега најекономски


Вицепремиерот Кочо Анѓушев

Од сите буџети досега, предложениот за 2018 година има најреформски и најекономски карактер. Детерминиран е од потребите на граѓаните, изјави на прес-конференција во Владата вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, презентирајќи ги економските ставки во Предлог-буџетот за наредната година.

Тој е 211,7 милијарди денари или 3,4 милијарди евра и треба да обезбеди најмалку 3,2 отсто раст на БДП. Дефицитот е проектиран од 2,7 отсто со тенденција на опаѓање.

За капитални инвестиции со кои треба да се подобри животот на граѓаните се планирани над 24 милијарди денари или повеќе од 400 милиони евра:

Директно во економијата, рече вицепремиерот, се детерминирани 4,1 милијарди денари, кои се за програми поврзани со Планот за економски раст и дополнително за поттикнување на вработувањето.


XS
SM
MD
LG