Достапни линкови

Втор ден судири во Пакистан


Фаиз Абад, Пакистан

На периферијата на Исламабад и денеска дојде до судири меѓу припадниците на исламската партија и безбедносните сили. Како што се јавува, во насилстват имало запалени возила пред да исламистите да се повлечат на местото Фаиз Абад каде протестираат речиси три недели.

Во вчерашните судири загинаа најмалку шест лица, а беа повредени над 200 луѓе. Протести има и во други градови во Пакистан.

Демонстрантите ги блокираа патиштата кон главниот град, барајќи министерот за правда Заид Хамид да поднесе оставка поради непознавањето на пророкот Мухамед во предлог-законот.

Тврдокорната исламска партија Техрек-е-Лабак го обвини министерот за богохулење.

XS
SM
MD
LG