Достапни линкови

Пацоли - Мадагаскар ја призна независноста на Косово


Министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли денеска изјави дека африканската држава Мадагаскар ја признала независноста на Косово.

„Задоволство ми е да најавам дека, на маргините на самитот на Франкофонијата, Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава“, напиша Пацоли на својот Твитер профил, објавувајќи фотографија од неговата средба со министерот за надворешни работи од Мадагаскар.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ исто така учествува на самитот во Париз и најави дека има средби со држави за кои Косово тврди дека го признале и воспоставиле дипломатски односи. Неодамна двете држави спореа околу тоа дали Гвинеја Бисао се уште ја признава независноста на Косово или ја отповикала оваа одлука.

XS
SM
MD
LG