Достапни линкови

Рохани - Националниот конгрес е чекор кон мирот во Сирија


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани во телфонски разговор му порачал на сирискиот лидер Башар ал-Асад дека предложениот "национален конгрес", кој ги вклучува спротивставените сили, може да придонесе за стабилност и безбедност на земјата која е уништена од војната, јави иранската државна новинска агенција Ирна.

Предлогот за формирање на ова тело дојде за време на трилатералниот самит меѓу лидерите на Иран, Турција и Русија на 22 ноември во рускиото црноморско одморалиште Сочи. По тој собир, рускиот претседател Владимир Путин рече дека трите сили се согласиле да организираат конгрес со сириската влада и опозициските сили, во обид да се стави крај на шестгодишната граѓанска војна.

Иран и Русија го поддржуваат Асад, додека Турција и САД ги поддржуваат различните бунтовнички групи во борбата против сириската влада во крвавата граѓанска војна, во која загинаа повеќе од 310.000 луѓе.

6.1 милиони сиријци ја напуштија земјата, а од 2011 година внатрешно раселени се околу 5 милиони граѓани.

XS
SM
MD
LG