Достапни линкови

Дизелот ќе поскапи, за Јавниот обвинител расправата почна


Собрание на Република Македонија

Собранието на Република Македонија денеска ја започна расправата за избор на нов Јавен обвинител на Република Македонија. Владата за Јавен обвинител го предложи Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

За опозицијата не е спорна личноста туку контролните механизми кои треба да се донесат со процесот на реформите пред да се направи изборот.

Инаку Јовески е предложен откако, согласно пропишаната постапка, за него позитивно мислење даде и Советот на јавни обвинители.За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Инаку, Собранието го изгласа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со кои акцизата на дизелот се предлага да се зголеми за 3 денари по литар, односно од сегашните 12,1 денар да биде 15,1 денари по литар. Собранието го изгласа Законот изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување и Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување.

XS
SM
MD
LG