Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и екстремистите во Пакистан


Фаиз Абад, Пакистан 25.11.2017

Пакистанската полиција употреби сoлзавец и водени топови за да ги расчисти блокадите на исламистите кои повеќе од 20 дена ги блокираа патиштата кон Исламабад.

Во судирите кај градот Равалпинди се повредени над 50 луѓе. Инцидентите се случија откако во ноќта истече рокот што полицијата им го даде на исламистите за ослободување на патиштата.

Демонстрантите ги блокираа патиштата кон главниот град, барајќи министерот за правда Заид Хамид да поднесе оставка поради непознавањето на пророкот Мухамед во предлог-законот.

Тврдокорната исламска партија Техрек-е-Лабак го обвини министерот за богохулење.

XS
SM
MD
LG