Достапни линкови

Најмалку 305 загинати во нападот врз џамија на суфисти во Египет


Ел Ариш, Синај - 24.11.2017

Воени авиони на египетската армија нападнале и погодиле возила што се користеле при нападот на суфиската џамија во градот Бир ал-Абд,во која загинаа најмалку 305 лица, меѓу кои и 27 деца во северниот дел на Синајскиот полуостров.

Според денешното соопштение на египетските вооружени сили уште 128 лица беа повредени меѓу 25 и 30 милитанти ја нападнаа џамијата за време на петочната молитва. Станува збор за најкрвав напад на исламските екстремисти во модерната историја на Египет.

Засега никој не презеде одговорност, но властите наведуваат дека нападот бил извршен од приврзаници на екстремистичката група Исламска Држава.

Сунитските исламистички екстремисти, вклучувајќи ги и милитантите на Исламската држава, сметаат дека суфиите се еретици.

Египет се бореше против приврзаниците на Исламската Држава на Синајскиот Полуостров.

XS
SM
MD
LG