Достапни линкови

Механизмот за кривични судови го наследува Хашкиот трибунал


22.11.2017. Процес во Хаг против Ратко Младиќ

Механизмот за кривични судови со седиште во Хаг ќе биде институцијата што ќе ја продолжи работата на Меѓународниот суд за воени злосторство во поранешна Југославија, попознат како Хашки трибунал, по неговото затворање на 31 декември 2017 година, ќе ја преземе неговата целосна документација и ќе ги заврши недовршените процеси.

Механизмот, формиран од Советот за безбедност на Обединетите нации, има мандат да ги преземе функциите на Меѓународниот кривичен суд за Руанда и на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

Механизмот е замислен како мала, привремена и ефикасна институција чии функции и големина ќе се намалуваат со текот на времето.

XS
SM
MD
LG