Достапни линкови

Времето: променливо со температура до 16 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

И утре претпладне по котлините ќе има појава на магла, а попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер.

Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.

XS
SM
MD
LG