Достапни линкови

Тимошенко бара „поинаков преговарачки формат" за источниот конфликт


Поранешната украинска премиерка Јилија Тимошенко

Поранешната украински премиерка Јулија Тимошенко изјави дека процесот Минск за решавање на конфликтот во источна Украина не успеал да даде резултати и дека треба да биде придружуван од "паралелен" мировен процес базиран на Меморандумот за Будимпешта од 1994 година . Во интервјуто во Брисел со украинската служба на Радио Слободна Европа Тимошенко рече дека документот во Будимпешта, според кој Русија, САД и Обединетото Кралство го гарантираат територијалниот интегритет на Украина во замена за откажувањето на Киев од нуклеарно оружје, треба да биде "основа за дипломатски преговори за воспоставување на мирот во Украина ". Таа ја критикуваше владата на претседателот Петро Порошенко за "заборавање" на постоењето на тој документ. Тимошенко, која ја предводи една од најголемите опозициски партии во Украина и кој во моментов е речиси изедначена дури и со Порошенко во анкетите за јавното мислење за претседателските избори во 2019 година, нагласи дека "Украина и Русија денес се во војна" и оти "Русија е во војна против Украина . "

XS
SM
MD
LG