Достапни линкови

Усогласена декларацијата на самитот на Источното партнерство во Брисел


Самит на Источното партнерство во Брисел

Лидерите од ЕУ и на шесте источноевропски држави од поранешниот СССР денеска брзо ја усогласија заедничката декларација на Самитот на Источното партнерство во Брисел, избегнувајќи повторување на расправиите што предизвикаа одложувања на последниот самит пред две години. Во конечната декларација објавена на интернет страницата на Европскиот совет, не се споменуваат никакви конкретни конфликти во регионот, вклучително и конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина во кој досега загинаа над 10 илјади луѓе. Се наведува дека „учесниците на Самитот остануваат длабоко загрижени за континуираните повреди на принципите на меѓународното право во многу делови во регионот“ и дека ја поздравуваат зајакнатата улога на ЕУ во решавањето конфликти и градењето доверба според постојните договорени формати и процеси за преговори, вклучително и преку присуство на терен, кога е потребно. Таквиот јазик беше доволен за да обезбеди согласност од Ерменија и Азербејџан кои се во конфликт околу отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах, околу што се судрија во подготвувањето на конечниот текст на декларацијата на Самитот во Рига во 2015 година. Во Источното партнерство, освен овие две земји се и Грузија, Украина, Молдавија и Белорусија.

XS
SM
MD
LG