Достапни линкови

Османи – Очекуваме да добиеме датум за преговори со ЕУ во јуни


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска рече дека очекува оти Македонија ќе добие датум за почеток на преговори на јунскиот самит на Европскиот совет.

Тој вели дека следните шест недели се клучни во одредувањето на текот на настаните во однос на европските интеграции на Македонија во следните шест месеци, кои потоа се суштински за подолгорочната перспектива на земјата.

Во следните шест недели земјата треба да испорача одредени законски проекти од трите столба, кои се приоритет во Планот 3-6-9, односно правосудството, разузнавачко-безбедносните служби и јавната администрација.

Османи посочи дека не постои услов до јуни да се реши спорот за името за да се добие датум. Македонија и Грција градат мерки на доверба, рече Османи, и изрази надеж дека двете земји ќе пронајдат заемно прифатливо решение за спорот за името.

Тој рече дека смета дека Законот за јазици ќе биде донесен до крајот на годинава.

XS
SM
MD
LG