Достапни линкови

Над 85 загинати во напад во џамија во Египет


Архивска фотографија: Зграда оштетена во напад од милитантите на Синајскиот Полуостров

Најмалку 85 луѓе се убиени, а над 80 се ранети, кога милитантите со бомби и огнено оружје нападнале една џамија во Северен Синај, информираат египетските власти. Државната новинска агенција МЕНА објави дека милитантите кои дошле со четири џипа почнале да пукаат во верниците кои се собрале на петочната молитва во џамијата во градот Бир ал-Абд на околу 40 километри од главниот град на провинцијата, Ел-Ариш.

Претседателот Абдел Фатах ал Сиси свика итен состанок со безбедносните претставници, јавија локалните телевизии. Владата прогласи тридневна жалост.

Египет се бори против милитантите на Исламската држава на Синајскиот Полуостров. Во борбите во изминатите три години загинаа стотици војници и полицајци.

Милитантите најчесто ги напаѓаат безбедносните сили, но ги проширија нападите и со напади врз египетските христијански цркви и светилишта.

XS
SM
MD
LG