Достапни линкови

Ахмети и Џафери не се појавија на суд, Богоески не чувствува потреба за извинување


Архивска фотографија: Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски

Поранешниот разузнавач Слободан Богоески на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2 рече дека не чувствува потреба да им се извини на Али Ахмети и Муса Џафери, кои го тужат за клевета.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, кои не дојдоа на рочиштето, во тужбата бараат вкупна отштета од 5,5 милиони денари. Ахмети бара три милиони отштета, а Џафери 2,5 милиони денари.

Одбраната на Богоески побара од Судот да ја отфрли тужбата. Тие сметаат дека тужбата е апсурдна и оти никаде не зборувал за овој случај освен во Комисијата за заштита и во Судот во Њујорк.

Во сведочењето пред Судот во САД, Богоески, како што беше објавено во јавноста, рекол дека 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија за поткуп на поранешниот премиер Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.

Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб и Андраш Балог, кои беа обвинети во САД дека поткупувале македонски политичари, признаа вина и се спогодија да платат парични казни.

XS
SM
MD
LG