Инцидент при апсењето на косовскиот пратеник Албин Курти
Пратеникот на движењето Самоопределување, Албин Курти, по кого трагаше косовската полиција врз основа на налогот за апсење што го издаде Основниот суд во Приштина, беше уапсен пред зградата на Собранието на Косово. Освен Курти, уапсени се и уште двајца пратеници од движењето, Аљбуљен Хаџи и Доник Кадај Бујупи. Во средата четворица пратеници од Самоопределување требаше да се појават во Основниот суд во Приштина, поради фрлање на солзавец во Парламентот.