Достапни линкови

Големи заеднички воено-воздухопловни вежби на САД и Јужна Кореја


Американски и јужнокорејски воени авиони на заеднички вежби над Јужна Кореја на 31 август 2017

САД и Јужна Кореја наредниот месец ќе одржат заеднички големи воено-воздухопловни вежби, соопштија денеска претставници од двете земји. Планираните вежби од 4 до 8 декември, наречени „Буден ас“, се редовни вежби што се одржуваат меѓу двете земји, но се случуваат во време на зголемени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој остро го критикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, рече дека Вашингтон презема „кампања за максимален притисок“ за да го изолира Пјонгјанг.

На вежбите, покрај јужнокорејски војници, ќе учествуваат 12 илјади американски војници со 230 авиони. Целта на вежбата е да се зајакне интероперабилноста меѓу силите на САД и Јужна Кореја и да се зголеми борбената ефикасност на двете земји.

Северна Кореја редовно ги осудува таквите вежби, нарекувајќи ги подготовка за војна.

Пјонгјанг минатата година спроведе низа ракетни тестови, вклучително и тестирање интерконтинентални балистички проектили, кои можеби се способни да погодат копнени цели во САД. Исто така се тврдеше дека Северна Кореја во септември тестирала термонуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG