Достапни линкови

Вељаноски – Свикуваат итни седници за пратениците да не може да се подготват за расправа


Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски гласа на парламентарните избори во 2016 година

Собраниските седници се свикуваат од денес за утре со цел да се избегне доставата на материјали и да се оневозможи пратениците да се подготват за дебата, реагира денеска пратеникот и поранешен претседател на Собранието Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Во писмената реакција се наведува дека се злоупотребува Деловникот и скоро сите собраниски седници се прикажуваат како итни, односно од 21 седница на Парламентот, 16 се свикани како итни.

Осврнувајќи се на денешната закажана собраниска седница за пратенички прашања, Вељаноски посочува дека ваква седница се свикува два дена пред нејзиното одржување и оценува дека таа е преседан во работењето на законодавниот дом бидејќи во ист ден се свикани уште две други собраниски седници и две седници на собраниските тела.

Непочитувањето и кршењето на Уставот и на Деловникот за работа Собранието, според Вељаноски, почнало уште од изборот на претседател на Собранието на 27 април годинава.

XS
SM
MD
LG