Достапни линкови

Уапсени тројца пратеници на косовското движење Самоопределување


Пратеникот Албин Курти беше уапсен пред косовскиот парламент во Приштина

Пратеникот на движењето Самоопределување, Албин Курти, по кого трагаше косовската полиција врз основа на налогот за апсење што го издаде Основниот суд во Приштина, денеска е уапсен пред зградата на Собранието на Косово.

Освен Курти, уапсени се и уште двајца пратеници од движењето, Аљбуљен Хаџи и Доник Кадај Бујупи.

Косовската полиција изврши и претрес во канцелариите на Самоопределување во косовскиот Парламент.

Во средата четворица пратеници од Самоопределување требаше да се појават во Основниот суд во Приштина, поради фрлање на солзавец во Парламентот.

XS
SM
MD
LG