Достапни линкови

Новиот претседател на Зимбабве положи заклетва


Емерсон Мнагагва положи свечена заклетва како нов претседател на Зимбабве

Емерсон Мнагагва положи свечена заклетва како нов претседател на Зимбабве, неколку дена откако долгогодишниот автократски лидер Роберт Мугабе поднесе оставка под притисок на армијата. Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Хараре да го поздрават новиот претседател.

Мугабе, кој беше на чело на земјата од 1980 година, претходно овој месец го разреши Мнагагва од местото потпретседател, по што армијата ја презеде контролата врз главниот град и го принуди да поднесе оставка на 21 ноември.

Мугабе не присуствуваше на церемонијата на положување заклетва на новиот претседател. Претставници на владејачката партија претходно рекоа дека тој нема да ја напушти земјата и дека неговата безбедност е осигурана. Државниот весник Хералд објави дека 93-годишниот Мугабе нема да присуствува на церемонијата зашто му треба „одмор“.

XS
SM
MD
LG