Достапни линкови

Саудискиот престолонаследник рече дека ајатолахот Али Хаменеи е „новиот Хитлер“


Саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман

Саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман за Њујорк тајмс изјави дека иранскиот врховен верски водач, ајатолахот Али Хаменеи е „новиот Хитлер на Блискиот Исток“.

Бин Салман, кој е и саудиски министер за одбрана, оцени дека е потребно спротивставување на експанзијата на Исламската Република Иран.

„Од Европа научивме дека попуштањето не делува. Не сакаме новиот Хитлер во Иран да го повтори на Блискиот Исток тоа што се случило во Европа“, вели тој.

На почетокот на овој месец Иран оцени дека Саудиска Арабија направила грешка со тоа што ги избрала САД и Израел наместо Иран.

XS
SM
MD
LG