Достапни линкови

Нови судири во источна Украина, загинаа петмина војници


Украински војник во близина на селото Кримске во источна Украина

Петмина украински војници загинале, а четворица се ранети во судири со проруските сепаратисти на истокот на земјата, соопшти украинската армија. Најголемите борби се случувале кај селото Кримске на околу 30 километри западно од Луганск. Украинската армија соопштува дека во судирите биле убиени осуммина сепаратисти, а деветмина биле ранети.

Во судирите во источна Украина од април 2014 досега загинаа над 1о илјади луѓе. Неколку примирја што беа потпишани не успеаја да го одржат мирот. Киев и сепаратистите постојано меѓусебно се обвинуваат за прекршувањата.

XS
SM
MD
LG