Достапни линкови

Собранието треба да именува нов јавен обвинител


Љубомир Јовески, кандидат за државен јавен обвинител.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител на Република Македонија.

Владата за јавен обвинител го предложи Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

Јовески е предложен откако, согласно пропишаната постапка, за него позитивно мислење даде и Советот на јавни обвинители.

За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

На огласот за нов јавен обвинител се пријавија 23 кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење само за двајца од нив.

Во рамки на 22. седница на дневен ред се и измените и дополнувањата на законите за судски совет и за заштита на сведоци, закон за престанок на важењето на Законот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, како и измените и дополнувањата на законите за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за акцизите, сите по скратена постапка.

XS
SM
MD
LG