Достапни линкови

Инаугурација на новиот претседател на Киргистан


Новиот претседател на Киргистан Соронбај Џинбеков

Новиот претседател на Киргистан Соронбај Џинбеков денеска е инаугуриран во главниот град Бишкек. Тоа ќе биде прво мирно предавање на власта во регионот. Џинбеков го менува претседателот Алмазбек Атамбаев на кој Уставот не му дозволува да има втор мандат. Џинбеков беше премиер од април 2016 до август 2017 година. Тој на изборите на 15 октомври доби 54 насто од гласовите што беше доволно да победи во првиот круг. Меѓународните посматрачи оценија дека изборите биле транспрентни и фер иако имало извесен број неправилности.

XS
SM
MD
LG