Достапни линкови

Ден на албанското знаме, празник и на Косово


илустрација

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај донесе одлука 28 ноември, Денот на незвисноста на Албанија, познат како Денот на знамето да се прогласи за празник, се наведува во соопштенито на косовската влада. Притоа се додава дека 28 ноември ќе биде неработен ден. Харадинај таа одлука ја донел, како што се наведува, „со цел почитување на историските и културните вредности, како и со цел почитување на добрите семејни и општествени традиции“. Овој потег би можело да ги зголеми тензиите со Србија која ги обвинува Косово и Албанија дека сакаат да создадат „голема Албанија“. Ваквите наводи се демантирани од Приштина и Тирана.

XS
SM
MD
LG