Достапни линкови

Флин ќе соработува со истрагата за можното руско мешање во изборите во САД


Поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа Мајкл Флин

Поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа Мајкл Флин ќе соработува со специјалниот обвинител во истрагата за можен заговор меѓу изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп и Русија за време на ланските претседателски избори, пишува весникот „Њујор тајмс“. Пензионираниот генерал Флин стана советник во Белата куќа откако претседателот Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари годинава. По три недели беше принуден да даде оставка поради извештаите дека комуницирал со тогашниот руски амбасадор во Вашингтон Сергеј Кисљак и наводите дека тој не го информирал потпретседателот Мајк Пенс за тоа.

XS
SM
MD
LG