Достапни линкови

МААЕ-Иран го почитува нуклеарниот договор


Архивска фотографија-директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукио Амано

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукио Амано денеска изјави дека Иран го почитува договорот со светските сили за ограничување на своите нуклеарни активности. Претседателот на САД Доналд Трамп минатата недела изјави дека тие нема да потврдат дека Иран се придржува до нуклеарниот договор, но и не го поништи, како што ветуваше во предизборната кампања. Иран и шестте светски сили-САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија го постигнаа договорот на 14 јули 2015 година. Со него се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за тргнување на меѓународните санкции кон земјата.

XS
SM
MD
LG