Достапни линкови

Поглаварот на БПЦ на средба со бугарскиот претседател за прашањето за МПЦ


Архивска фотографија-поглавар на Бугарската православна црква Неофит

Бугарската држава и Бугарската православна црква се единствени во желбата за развивањето и продлабочувањето на односите меѓу Бугарија и Македонија. Ова е заедничкиот став на бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот патријарх Неофит, соопштија од кабинетот на претседателот на Бугарија. Двајцата се сретнале денеска по иницијатива на Радев.

За време на средбата, се наведува во соопштението, била нагласена важноста на потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји со кој се зголемува заемната доверба, се поттикнува развојот на меѓусебните односи и преставува важен чекор во европската интеграција на Македонија.

Патријархот Неофит, информира прес службата на Радев, го запознал претседателот со писмото од Македонската православна црква со кое се бара евхаристичкото единство на БПЦ, со како што пишува, возобновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ. Тој најавил дека прашањето ќе биде разгледано на Светиот синод на БПЦ, а темата за автокефалноста на МПЦ ќе биде разгледана и со останатите помесни православни цркви.

„Патријархот Неофит го увери претседателот во добрата волја од страна на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно разрешување на ова прашање“ се наведува во соопштението.


XS
SM
MD
LG