Достапни линкови

Аргентина-аномалија слична на експлозија регистрирана на денот на исчезнувањето на подморницата


Арегнтина-подморницата Сан Хуан го напушта пристаништето близу Буенос Аирес

Аргентинската воена морнарица денеска соопшти дека преку анализа на локацијата на која била подморницата која неодамна исчезна во Атлантикот е утврдено дека тогаш е регистриран звук сличен на експлозија, јавува агенцијата Франс Прес.

Морнарицата во извештајот наведува дека се случила хидро-акустична аномалија која не е од нуклеарно потекло но личи на експлозија. Портпаролот на морнарицата вели дека семејствата на членовите на екипажот се известени за ова и дека потрагата продолжува.

Подморницата Сан Хуан на задача тргна од Мар дел Плата, околу 400 километри јужно од Буенос Аирес со кислород и храна за 15 дена. Таа е една од трите подморници на аргентинската морнарицата.

XS
SM
MD
LG