Достапни линкови

СЈО предложи 1560 докази во случајот „Труст“


Архивска фотографија-Сеад Кочан обвинет во случајот Труст

Специјалното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за случајот „Труст“ предложи 1.560 докази против бизнисменот Сеад Кочан и другите обвинети во предметот. Меѓу доказите има и прислушувани разговори кои досега се објавени, но и такви кои не беа пуштени во јавноста. Другиот дел од доказите се фактури, договори, уплати и сметководствена евиденција. Следното рочиште е закажано за 30-ти ноември, на кое како сведок ќе биде сослушан Васил Ристовски, управител на „Силекс неметали“.

Инаку претпладнето судијката Лидија Трајковска-Зимбовска даде два часа пауза на рочиштето за СЈО уште еднаш да ја отпечати листата на докази, кои се испишани на 80-тина страници. Адвокатите побараа овој пат листата на докази да биде нумерирана за полесно да го следат изведувањето на докази пред Судот.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за местење на тендер на ЕЛЕМ се сослушуваа сведоци. Според СЈО, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, здружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ од околу 17 милиони евра.


XS
SM
MD
LG