Достапни линкови

Грција ќе ги преиспитува деловните трансакции со 43 „даночни раеви“ меѓу кои и Македонија


Илустрација

Грчкото Министерство за финансии објави „црна листа на даночни раеви“, односно земји кои во 2016 година се сметаат дека не соработувале во даночната област, меѓу кои се и Македонија, Бугарија и Кипар.

Грчките медиуми јавуваат дека речиси сите договори склучени со фирми и физички лица од Македонија се подложни на даночна ревизија. Тоа значи дека трансакциите на грчки фирми со компании од 43-те држави од списокот, меѓу кои е и нашата земја, нема да се сметаат за деловни трошоци освен ако не се докаже „автентичноста“ на трансакцијата. Поконкретно, на грчките компании кои тргуваат со земјите од „црната листа“, даночните власти нема да им го одбиваат од трошоци бруто приходот платен на физичко или правно лице кое е жител или е регистрирано во еден од овие даночни раеви.

На црната листа даночни раеви на грчкото Министерство за финансии, покрај Македонија се наоѓаат Сан Марино, Албанија, Андора, Ангвиља, Вануату, Бермуди, Босна и Херцеговина, Бугарија, Британски Девствени Острови, Гибралтар, Обединети Арапски Емирати, Јордан, Ирска, Катар, Косово, Кипар, Лихтенштајн, Макао, Малдиви, Црна Гора, Молдавија, Монако, Унгарија и други земји.

XS
SM
MD
LG